Откриен мозаик со логото на УКЛО

21.09.2016

Уште една уметничка творба ќе сведочи за почитта што УКЛО ја негува кон делото на Св. Климент. Пред неговиот споменик, во Ректоратот на Универзитетот на 21.09.2016 година откриен е мозаик чиј мотив е логото на УКЛО.

На церемонијата обраќање имаше ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски кој заедно со генералниот секретар на Универзитетот, м-р Офелија Христовска го открија мозаикот. Чинот на откривање и промовирање на орнаментот посветен на јубилејот 1100 години од упокојувањето на Свети Климент беше проследен од комплетното раководството на УКЛО, академски кадри, студенти и гости.

Мозаикот  е изработен од природни материјали: камен, мермер, трaвертин и смалди го претставува трудот на учесниците студенти  и членовите од НВО „Астерион 5“ која ги негува  старите занаети и уметности. За резултатот од нивниот ангажман  од којшто произлегоа уште два мозаици со логоата на ИСТК и ФТУ, доделени им се сертификати за учество во работилницата за изработка на мозаици.

Активностите поврзани со Работилницата за изработка на мозаици што во текот на летото се одржа на ФТУ- Охрид беше во надлежност на стручен тим од Институтот за старословенска култура од Прилеп, под раководство на истакнатиот сликар и мозаичар, Академик Газанфер Бајрам.

Работилницата за изработка на мозаици е уште еден настан од богатата палета активности  по повод јубилејот 1100 години од упокојувањето на Св. Климент што се дел од националната Програма.


Scroll to Top