ТРКАЛЕЗНА МАСА ПОСВЕТЕНА НА ПАТРОНОТ

27.09.2016

Тркалезна маса посветена на животот и делото на  Св. Климент Охридски се одржа на 26.09.2016 година во Ректоратот на УКЛО.

Во присуство на реномирани учесници од земјата и странство, научни познавачи на оваа тематика, но и студенти, главни воведничари на тркалезната маса беа еминентните слависти:  проф. д-р Себастијан Кемпген од Универзитетот во Бамберг, Германија, кој воедно е почесен професор на УКЛО, проф. д-р Виторио Томелери од Универзитетот Мацерата, Италија и проф. д-р Роман Николаевич Кривко, национален истражувач од Универзитетот во Москва, Русија.

За еден сеопфатен пристап кон творештвото на Св Климент Охридски придонес дадоа и гостите од УКИМ професорите: Илија Велев, Емилија Црвенкоска и Тони Филипоски, а од страна на УКЛО, професорите: Валентина Гулевска и Мирјана Ристовска како и д-р Анита Ангелевска.

Според ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, изложените реферати ја збогатуваат  обемната истражувачка ризница за делото на Св. Климент, а средбите и форумите како што е оваа Тркалезна маса отвораат нови аспекти за проучување и претставуваат нови предизвици за научната мисла.

Настанот е уште една активност на УКЛО во чест на јубилејот 1100 години од упокојувањето на Свети Климент.


Scroll to Top