УКЛО ќе соработува со Вардарскиот плански регион

28.09.2016

На 27 септември 2016 година, во Општина Велес, ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски, заедно со својот колега, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип,  потпишаа Меморандум за соработка помеѓу универзитетите  и  Вардарскиот плански регион (претставуван од претседателот Славчо Чадиев)  и  Источниот плански регион (претставуван од претседателот Ратко Димитровски).

Меморандумот е израз на заедничката волја на  установите потписнички да соработуваат во поширок круг на области и на сите нивоа од општествено-економското живеење. Универзитетите и планските региони се подготвени со расположивите капацитети  да иницираат проекти во насока на подобрување на квалитетот, пристапот и начинот на комуникација помеѓу јавните институции, сервиси и бизнис заедницата во Вардарскиот плански регион.

Овој договор се надоврзува на веќе потпишаните два договори помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и Пелагонискиот плански регион и Југозападниот плански регион.


Scroll to Top