Меѓународна конференција во рамки на проектот TERRA MED

30.09.2016

На 28 септември 2016 година во Солун, во организација на проектните партнери од Грција  се одржа завршната конференција од проектот „Проценка на деградација на почвата и рехабилитациони стратегии за планирање на одржливо искористување на земјиштето“ познат под акронимот TERRA MED.

На настанот, покрај домаќините, учество зедоа и претставници и членови на проектниот тим од Универзитетот „Св.Климент Охридски“ и Факултетот за биотехнички науки – Битола. Во рамки на Конференцијата свое обраќање имаше проректорот проф. д-р Марјан Ангелески, кој го изрази своето задоволство што Универзитетот е партнер во меѓународни проекти финансирани од страна на ЕУ, во чиишто рамки припаѓаат и проектите од ИПА програмата за прекугранична соработка и притоа ја истакна заложбата на УКЛО за продлабочување и зацврстување на меѓународната соработка.

Присутните имаа можност да проследат повеќе информации за различните апсекти на проектот и неговата апликативна димензија при заштитата на животната средина презентирани од страна проектните партнери. Со своја презентација за проектните резултати се обрати и доц. д-р Мила Арапческа – член на проектниот тим, која се задржа на конкретните активности преземени од страна на Факултетот за биотехнички науки и УКЛО.

По завршувањето на Конференцијата, проектниот тим и партнерите го одржаа и четвртиот проектен состанок. 

 


Scroll to Top