Трета меѓународна конференција Образование преку границите

06.10.2016

Педагошкиот факултет - Битола од 6 до 7 октомври 2016 година е домаќин на Третата меѓународна конференција „Образование преку границите“ што се остварува во рамки на трипартитниот договор за соработка помеѓу педагошките факултети од Битола, Лерин и Корча. 

Покрај темите посветени на животот и делото на Свети Климент, дел од рефератите и презентациите се однесуваат на  педагошки актуелности коишто ќе се објават во посебен Зборник.

Од името на ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски, присутните учесници и гости на Конференцијата, меѓу кои највисоки претставници на универзитетите од Кожани и Корча, ги поздрави проректорот, проф. д-р Виолета Маневска. Таа ја истакна важноста од организирање на вакви настани, посебно во областа на образованието како основа во развојот на секое општество.

Меѓународната конференција „Образование преку границите“ се одржува секоја втора година. Најновото организирање на Конференцијата е во знакот на јубилејот 1100 години од упокојувањето на Св. Климент.


Scroll to Top