ПРАВИЛНИК ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ НА УКЛО

 

ИЗВЕШТАЈ ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА

 

ИЗВЕШТАЈ ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА - ЗА НАДВОРЕШНА ЕВАЛУАЦИЈА 2017

 

 

 

 

 

 

 

Политиката на квалитет на Универзитетот претставува основа за унапредување на функционирањето и развојот преку јакнење на институционалниот капацитет за успешно прилагодување на потребите на општеството и проактивно реагирање на процесите на промени.

Политиката на квалитет е континуирано градење, подобрување и ширење на културата на квалитет и негување, поттикнување и развој на позитивните вредности во реализацијата на универзитетските дејности и во поширокото општествено окружување, преку инсталиран систем којшто се однесува на сите институционални структури, политики, процеси, внатрешни и надворешни чинители.

Политиката на квалитет се одразува во стратешките планови и цели и се спроведува во различните области на институционалното работење, во согласност со поставените национални и меѓународни стандарди и насоки за квалитет, што треба да бидат комплементарни.

Основната цел на системот за обезбедување квалитет е постигнување на највисок степен на квалитет во високообразовната, научно-истражувачката, уметничката и применувачката високостручна дејност, како и стручната и административната работа на Универзитетот и единиците во неговиот состав.

Основен услов за исполнување на целта на системот е критичкото согледување на состојбите на Универзитетот во приоритетните области и промовирањето култура на квалитет во сите сфери на работење на Универзитетот.

Намената на системот за обезбедување на квалитет е воспоставување на начела, критериуми, процедури, постапки и методи за обезбедување квалитетот, почитувајќи ги притоа одредбите од националните и институционалните правни акти.

Стандардите и насоките за обезбедување квалитет во високото образование усвоени од европските институции и други организации и асоцијации за нивно воспоставување и примена, како и упатствата за евалуација на високото образование во европскиот простор, се основни постулати на системот.

Scroll to Top