Програми, стипендии, грантови

СТИПЕНДИИ ОД ШВАЈЦАРСКАТА ВЛАДА

 Во рамките на понудата од 20-30 стипендии за изврсност што Швајцарската Влада преку Федералната комисија за стипендии за странски студенти ги доделува на кандидати од земјите на Централна и Источна Европа за академската 2019/2020 година, три стипендии се на располагање за кандидати од Република Македонија.

Стипендиите се наменети за високо квалификувани млади дипломирани односно магистрирани кадри од сите области на кои им се пружа можност да ги продолжат своите докторски и постдокторски истражувања во Швајцарија на некои  од јавните универзитети или признатати институции (швајцарските универзитети, Федералниот институт за технлогија, институтите за настава и истражување како и универзитетите за применети науки)

 Достапни се три типа стипендии:

 

  • за истражување
  • докторски студии
  • постдокторски студии

Понудата не вклучува стипендии за додипломски или магистерски студии.

За повеќе информации на линкот преку Швајцарската амбасада (www.eda.admin.ch/macedonia).

 

Апликационите формулари како и останатите потребни документи може да се добијат преку Амбасадата (Тел.: 02 3103300; e-mail: skopje@eda.admin.ch).

Краен рок за доставување на комплетната документација во хартија во 2 примероци во амбасадата  во Скопје  е : 15 ноември 2018

 

Програма за стипендирање на млади истражувачи на УНЕСКО и Јапонија, Кеизо Обучи за 2018 година

Националната Комисија за УНЕСКО при Министерството за култура информира дека во рамки на Јапонскиот фонд за доверба за јакнење на капацитетот на човечките ресурси, Владата на Јапонија доделува 10 истражувачки стипендии за постдипломски истражувачки активности во следните области:

  1. Животна средина
  2. Интеркултурен дијалог
  3. Информатички и комуникациски технологии и
  4. Мирно разрешување на конфликти.
Повеќе информации може да најдете на следниот линк:

Стипендија за животна стедина и заштита на природата

Германската Сојузна Фондација за животна средина и заштита на природата (DBU) распишува конкурс за стипендии за истражувачки проекти и усовршување во областа животна средина и заштита на природата. 

Стипендиите се за шест месеци односно една година.Рокот за аплицирање (директно кај организаторот) завршува на 1 август 2018 година. 

​Повеќе: https://www.dbu.de/stipendien_international​ Флаер: линк

 

Стипендија за технолошки иновации и претприемништво

Во рамките на Програма за стипендирање на Стејт департментот се доделуваат 16 професионални стипендии за млади од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија коишто се заинтересирани да поминат еден месец (средина на октомври – средина на ноември 2018) во САД и да се стекнат со нови знаења и вештини во технологијата на иновациите и претприемништвото, во соработка со WorldChicago.

Информации во врска со аплицирањето на  https://goo.gl/S85N9G и на официјалната страница на Амбасадата на САД во Скопје: https://mk.usembassy.gov/central-europeantech-innovation-entrepreneurship-fellowship-program/ 

Краен рок за пријавување: 15 април 2018.

 

Интернационални кампови за студенти - франкофони

Можности за продлабочување на франкофонската култура во пријателско меѓународно опкружување – престој во меѓународни франкофонски центри за студенти на возраст помеѓу 18 и 25 години со платени трошоци за селектираните кандидати.

Повеќе на http://fipf.org/actualite/centres-internationaux-francophones-des-lions-clubs-de-france-0

 

Стипенди за изучување  германски јазик во Баварија

Можност за изучување на германскиот јазик преку организирани летни школи на неколку универзитети во Баварија, за студенти и млади кадри од високообразовните институции во Република Македонија и стипендии за посетување на истите што ги обезбедува Сојузната држава Баварија.

Повеќе на http://www.uni-r.de/bayhost/english/scholarships/language-courses-in-bavaria/index.html и http://www.facebook.com/Bayhost-555365254630705

 

СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ФУЛБРАЈТ ЗА АКАДЕМСКАТА 2019/2020

Дипломираните студенти на прв и втор циклус имаат можност да аплицираат на повикот во рамки на програмата Фулбрајт поддржана од страна на Соединетите Американски Држави.

Рокот за доставување на апликациите е 31.05.2018.

Повеќе инфо на https://mk.usembassy.gov/fulbright-student-competition-2019-2020-academic-year-now-open/

 

Стипендии на Унгарската влада

Владата на Унгарија, преку својата програма Stipendium Hungaricum scholarship, нуди стипендии за меѓународни студенти на Универзитетот Eötvös Loránd (ELTE)  во Будимпешта, со цел проширување и промовирање на еконмските и културните релации на Унгарија со земјите во светот. Заинтересираните кандидати од Република Македонија имаат можност за аплицирање за целосни студии од прв, втор или трет циклус  во  областа на техничките, технолошките, земјоделските, медицинските, економските и природните науки како и во уметничките области.

Повеќе информации може да се добијат на www.mon.gov.mk и одговорното лице, г-ѓа Катерина Шумановска (email: katerina.sumanovska@mon.gov.mk) .

Пријавите се доставуваат електронски на  https://apply.stipendiumhungaricum.hu/, најдоцна до 16 февруари 2018. 

 

Докторски студии на Државниот универзитет во Бојси, Ајдахо

На Државниот универзитет во Бојси, Ајдахо, САД (www.go.boisestate.edu) се организираат докторски студии од интердисциплинарен карактер во спектарот на компјутерските науки.

Детални информации за студиската програма се достапни на следниов линк: http://computing.boisestate.edu/

Повеќе.

 

КОНКУРС за заеднички македонско-австриски научно-истражувачки проекти за периодот 2018-2020 година

 

Полски студии на Универзитетот во Ополе

Универзитетот во Ополе, Полска, оваа година за прв пат вклучува во својата академска понуда, студиска програма од прв циклус по полска филологија, што овозможува развивање специфични компетенции во областа на полскиот и на англискиот јазик, литературите и културите, како и унапредување на знаењата во врска со современата европска реалност.   

Програмата, за којашто е отворен повик со краен рок за пријавување до 8 февруари 2018, започнува со интензивен курс по англиски јазик за постигнување академско ниво за сите оние што планираат академска и/или професионална кариера во Полска. Школарината за странските државјани изнесува 580 евра/семестар.

Повеќе на: http://hello.uni.opole.pl/polishstudies/


Отворени повици во рамки на Програма Хоризонти 2020 за сл. програмски столбови:

Општествени предизвици и

Индустриско лидерство

Подетални информации: https://ec.europa.eu/research/participants/portal/desktop/en/opportunities/h2020/index.html

 

ЛЕТНА ШКОЛА ВО ВИЕНА

Универзитетот во Виена секоја година организира Интернационална летна школа за студенти и академски кадар  во Штробл на езерото Волфганг во Република Австрија.

Програмата на летната школа е на англиски јазик и обработува теми поврзани со политичките, економските, правните, историските и културните аспекти во развојот на Европа и Европската унија.
Подетални информации на веб страна http://shs.univie.ac.at.

 

EUROMIME Erasmus Mundus мастер програма

Отворен е повик за аплицирање за EUROMIME Erasmus Mundus мастер програмата, што ја нуди конзорциум од 7 универзитети помеѓу коишто се Универзитетот од Поатје, Франција, Универзитетот  од Лисабон, Португалија и Националниот Универзитет за далечинско учење од Мадрид, Шпанија. Сите информации и поважни термини во врска со оваа мастер програма од областа на едукативната технологија се достапни на следниов линк: http://euromime.org/en/home/the-euromime-master 

 

Отворени се најновите повици во рамки на Програмата HORIZON 2020.

Подетални информации: http://ec.europa.eu/programmes/horizon2020/en/newsroom/548/

 

ERASMUS MUNDUS меѓународна мастер програма ADVANCES за социјалните работници од целиот свет

Можност за меѓународна заедничка мастер програма Напреден развој во социјалната работа (ADVANCES) за сите практичари во областа на социјалната работа што се организира на пет европски универзитети: Линколн Универзитетот од Велика Британија, Универзитетот од Варшава, Полска, Универзитетот Алборг од Данска, Универзитетот во Лисабон, Португалија и Западниот универзитет Париз Нантер, Франција.

Деталните информации за Програмата, информации за пријавувањето и крајните рокови за пријавување се достапни на www.socialworkadvances.org


Scroll to Top