ФОНДАЦИЈА ТОМА ФИЛА

ФОНДАЦИЈАТА ТОМА ФИЛА основана од адвокатот Тома Фила и ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски  ќе ги насочи сопствените ресурси и напори кон исполнување на својата цел и мисија, а тоа е стипендирање и поддржување на талентирани студенти на втор циклус студии, со остварен просек на прв и втор виклус студии од најмалку 8 (осум).

Стипендијата се доделува за едногодишно стручно усовршување како адвокатски приправници кај адвокати со регистрирано седиште на подрачјето на Општина Битола.

Стипендистот може да почне со користење на стипендијата најдоцна 6 (шест) месеци од денот на доделувањето на стипеднијата. По истекот на овој рок го губи правото на стипдендија.

Стипендијата се доделува еднаш годишно и тоа на 25-ти април, денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.

ФОНДАЦИЈАТА ТОМА ФИЛА - Битола го објавува Конкурсот за доделување на стипендија Тома Фила, најдоцна до 25-ти март тековната година.

Конкурс

Акт за основање на фондацијата

Статут на фондацијата

Завршни сметки

Извештај за работата на фондацијата за 2017 година

Одлука за усвојување на годишната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај за работа за 2017


Scroll to Top