Потпишан Грант Договор за проект од Програмата Хоризонти2020
08.08.2019
Техничкиот факултет од Битола е еден од 19-те партнери во конзорциумот на проектот со наслов: „Зајакнување на преносниот систем во регионални граници со користење на интелегентна пазарна технологија“ со акроним: ТРОЈСТВО (TRINITY).
Целта на проектот е развивање на неколку софтверски решенија за зајакнување на соработката помеѓу преносниот систем оператори на Балканот и поддршка на интеграцијата на пазарите на електрична енергија во регионот со промовирање на зголеменото учество на чистите енергии во производството на електрична енергија.
Проектот е од Програмата Хоризонти2020, за истиот веќе е потпишан Грант Договор и ќе се реализира во времетраење од 48 месеци.
Хоризонти 2020 е најголема ЕУ Истражувачка и Иновативна програма досега, создадена за поддршка и поттикнување на истражувањето во Европската Област на Истражување (ERA).