САЕМ НА СТУДИИ ВО ФРАНЦИЈА

01.11.2019

Претставници на УКЛО, од Секторот за настава, наука и меѓународна соработка и КРЕДО центарот, на 31 октомври го посетија Саемот за студии во Франција, којшто традиционално го организираат Францускиот институт од Скопје и Одделот Кампус Франс во просториите на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Пред званичното отворање на Саемот, се оствари средба со претставници од Универзитетот во Каен, Франција, на којашто се разговараше за реализација на неколку конкретни активности, со коишто, во блиска иднина, значително би се продлабочила веќе востановената соработка со овој Универзитет, кој припаѓа во „семејството“ на високоразвиени универзитети од Европскиот високообразовен простор.

На свеченото отворање на Саемот за студии во Франција свое обраќање имаа Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција, г-дин Арбер Адеми, министер за образование и наука на Република Македонија и г-дин Ерик Лобстајн, раководител на одделот за меѓународна соработка на универзитетот Каен Нормандија.


Scroll to Top