ПРЕДАВАЊЕ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

14.11.2019

На 13 ноември 2019 година на Факултетот за информатички и комуникациски технологии,  гостувачко предавање одржа  Џонатан Бенкс, експерт во доменот на  иновативни решенија и користење технологии во борбата против климатските промени.

Пред студентите и наставничкиот кадар тој зборуваше за климатските промени како горлив проблем со кој се соочува светот денес, и што не очекува во иднина.

Господинот Бенкс го истакна својот став во однос на младата популација, којашто треба да врши постојан притисок врз политичките лидери околу решавањето на проблемот со климатските промени, особено затоа што во минатото многу се зборуваше, а малку се дејствуваше. Исто така тој потенцираше мали подобрувања во последните години како  надеж за можен напредок во решавањето на состојбите со климатските промени.

Американскиот експерт оценува дека на ова поле клучни се промените во генералните политики и во енергетскиот систем,  но исто така и  малите работи кои секој како индивидуа може да ги прави како значајни чинители во борбата против климатските промени.

Ова актуелно и интересно предавање со одржа во организација на УКЛО и КРЕДО центарот на Универзитетот, во соработка со Амбасадата на САД во РСМ - Американското катче во Битола.


Scroll to Top