ДОГОВОРЕНА АКАДЕМСКА СОРАБОТКА НА УКЛО И ГЛОБСЕК

27.11.2019

Продлабочување на заедничките интереси на полето на академската и  подигнување на квалитетот на меѓународната соработка, се меѓу приоритетите од Договорот за академска соработка меѓу УКЛО и организацијата ГЛОБСЕК од Братислава, Словачка.

Во рамките на искажаната подготвеност за соработка во научно-истражувачката и во областа на професионалната едукација присутни се теми од заеднички интерес коишто произлегуваат од современите прашања и предизвици.

Договорот за академска соработка меѓу УКЛО и ГЛОБСЕК  во име на УКЛО го потпиша проректорот проф. д-р Марјан Ѓуровски, а во име на ГЛОБСЕК извршниот заменик претседател г-дин Милан Солар.

Двете страни се заложија и за заедничко аплицирање во проекти во програмите за надворешна и безбедносна политика поддржани од фондовите на ЕУ  и други институции, во домени како што се: соработка со стопанството, приближување кон ЕУ и интегративна поддршка, анализа на јавните политики и администрацијата, енергетика и инфраструктура и сл.


Scroll to Top