Унапредување на соработката со универзитетите во Белград и Загреб

10.12.2019

Иницирање на регионална соработка, воспоставување поголема академска мобилност и зголемување на областите за проектни иницијативи и размена, се меѓу договорените активности што УКЛО ќе ги унапредува во наредниот период со универзитетите во Белград и Загреб.

Ова се дел од дефинираните домени за поврзување на УКЛО со двата најзначајни универзитети во поширокиот регион, договорени за време на работните посети коишто проректорот за студентски работи и институционален Еразмус плус координатор, проф. д-р Марјан Ѓуровски ги реализраше со негови колеги, ресосрни проректори од универзитетите во Белград и Загреб.

Меѓу поголемите придобивки од заложбата за конкретизирање и динамизирање на соработката е најавеното поврзување меѓу студентските организации на универзитетите, со цел да се зголемат можностите за меѓусебна соработка, споделување искуства и знаења како и дружење на студентите.


Scroll to Top