Високо признание за проф. д-р Оливер Бачановиќ

10.12.2019

Виктимолошкото друштво на Србија му додели високо признание на проф.д-р Оливер Бачановиќ, Повелба за почесен член на Виктимолошкото друштво на Србија. Професор Бачановиќ е еден од втемелувачите на Виктимологијата во Македонија и прв кој во поранешна Југославија почнал да го предава овој предмет на високообразовна институција.

Повелбата му беше доделена на 28 ноември 2019 година во рамки на свечениот дел на Десеттата јубилејна конференција на ВДС.

Високото признание, Повелба за почесен член на Виктимолошкото друштво на Србија, покрај професионално уважување на придонесот на проф. д-р Оливер Бачановиќ претставува и своевидно признание и за Универзитетот „Св. Климент Охрдиски“- Битола.


Scroll to Top