Можности за аплицирање на две програми поддржани од Федералното биро за образование и култура при Стејт департментот и администрирани преку Амбасадата на САД

12.12.2019

1- Програмата Студии на институтите на САД (Study of the US Institutes - SUSI) нуди интензивни академски студиски престои на бројни колеџи, универзитети и други образовни институции во САД, со цел подобрување на наставните содржини и подигнување на квалитетот на образовниот процес, во комбинација со студиски посети како можност за продлабочување на знаењата за американското општество, американската култура, вредносниот систем и функционирањето на институциите. Студискиот престој во рамките на Програмата ќе се реализира во тек на 6 недели, почнувајќи од јуни 2020.

Краен рок за аплицирање: 31.12.2019

За повеќе информации: https://mk.usembassy.gov/call-applications-study-united-states-institutes-fy-18/

2- Global UGRAD или Глобалната програма за размена на додипломско ниво нуди целосни стипендии за едносеместрални академски студии од сите наставно-научни области, на одредени колеџи и универзитети во САД, за млади лидери посветени на подобрувањето на капацитетите во своите заедници, но и можност за истражување на културата на американското општество и академското образование во САД. За време на престојот, покрај редовната настава, учесниците ќе може да се вклучат и во општествено корисни ангажмани за подобрување и на своите професионални вештини.  За учесниците во Програмата е предвидено сместување во капацитетите на универзитетските кампуси.

Краен рок за аплицирање: 31.12.2019

Дополнителни информации на: https://mk.usembassy.gov/the-2020-2021-global-undergraduate-exchange-program-global-ugrad/


Scroll to Top