Прва седница на Универзитетското студентско собрание на УКЛО

13.12.2019

На УКЛО одржана е првата  седница на Универзитетското студентско собрание (УСС УКЛО) на којашто присуствуваа студенти од  студентските собранија на единциите. На почетокот присутните ги поздрави проректорот за студентски работи, проф. д-р Марјан Ѓуровски кој нагласи дека во фокусот на работењето на УКЛО е студентот и кон УСС се гледа како на партнер во донесувањето на одлуките и заедничко креирање политики за потребите на студентите.

Во иднина ќе се разгледа можноста за финансиска поддршка на повеќе проекти кои би ги реализирале самите студенти, воедно да се зголеми комуникацијата на Собранието со колегите од другите земји од регионот и членки на ЕУ и од САД. На почетокот на средбата со студентите присуствуваше и генералниот секретар на УКЛО, м-р Офелија Христовска.

До изборот на студентски лидер со седниците ќе претседава Димитар Врглевски од Правниот факултет. Воедно, формирана  е и Комисија за изработка на Предлог-Статут на УСС УКЛО.

По усвојување на  Статутот на УСС УКЛО  ќе се избере претседател на УСС УКЛО, Извршен и Надзорен орган и претставници во органите и телата на УКЛО од редот на студентите.

Воедно, во наредниот период ќе се спроведе и законската процедура за избор на Студентски правобранител на УКЛО.

Процедурата за конституирање на Универзитетското студентско собрание на УКЛО  е во согласност со Законот за високото образовани и Статутот на УКЛО. 

 


Scroll to Top