Тандеми на магистранди од УГЕНТ и УКЛО

19.12.2019

Народна Банка на Република Северна Македонија го препозна потенцијалот за соработка со доц. д-р Рената Петревска Нечкоска, која менторира магистранди од УКЛО и Универзитетот во ГЕНТ, Белгија, кои работат на тези поврзани со управување со промени и најновата ЕУ регулатива за платни системи 2 и тоа Мартин Трајковски во нашата земја и Квинтен Мојлеман во Белгија. На покана на Народна Банка, професорката Рената Петревска Нечкоска и “тандемот” на магистранди од Белгија и Северна Македонија, учествуваа во компонентата 1 од твининг проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзино членство во Европскиот Систем на Централни Банки”.

Интересниот пристап преку “тандеми” им овозможува на магистрандите од двата универзитети да соработуваат, фокусирајќи се на слични теми, но од различни национални и регионални перспективи (ЕУ и Западен Балкан). Тандемите на магистранди се под менторство на доц. д-р Рената Петревска Нечкоска од УКЛО како и нејзина ко-супервизија со менторот проф. д-р Геерт Поелс од Универзитетот Гент, Белгија, а се поддржани од поширока мрежа на професори, меѓу кои проф. д-р Оливера Костоска, проф. д-р Ѓорѓи Манчески, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, од УКЛО, како и професорите од факултетите на УГЕНТ. 


Scroll to Top