ИНФО ДЕНОВИ ЗА СТУДЕНТСКА МОБИЛНОСТ

28.01.2020

Европските програми за мобилност поблиску до студентите и професорите од УКЛО

Циклусот промотивни денови за студентска мобилност УКЛО го  започнува од Факултетот за безбедност-Скопје. Промотивни денови за Еразмус плус програмите за мобилност ќе се одржат и во останатите единици во составот на Универзитетот.

Според проректорот за студентски работи, проф. д-р Марјан Ѓуровски и воедно инстуитуционален Еразмус координатор, една од целите на инфо деновите за студентска мобилност е создавање услови за поголема интернационализација на УКЛО и приближување на европските програми образовни програми до студентите и академските кадри.

Информативната кампања покрај презентација на можностите на програмата и клучната акција ќе  овoзможи пренесување искуства од страна на студентите кои веќе реализирале мобилности. Инфо деновите ќе опфатат и презентации и излагања  и од странски студенти кои моментално реализираат мобилност на УКЛО.

ЕРАЗМУС ПЛУС  е најголемата европска програма во високото образование. Зад себе има повеќе од 30 години постоење и огромни бројки на студенти и кадри низ Европа што биле и се дел од нејзиното функционирање. Програмата е отворена за студенти, професори, наставници, стажанти, волонтери, младински работници...

Операторот на оваа програма во нашата земја, Националната Агенција  за европски образовни програми и мобилност тесно соработува со сите заинтересирани субјекти, притоа со нагласен  фокус кон високото образование односно универзитетите. И  УКЛО не е исклучок, така што низ една тесна соработка со Агенцијата, се следи и поддржува имплементацијата на програмата, создавајќи услови за унапредување на меѓународната соработка, а особено промовирање на нејзината европска димензија.

Промотивните и други активности поврзани со студентската мобилноссе одржуваат со активно учество на Канцеларијата за меѓународна соработка на УКЛО.


Scroll to Top