УКЛО се вклучува во програмата „Локални партнерства за вработување“

24.09.2020

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ е партнер во програмата „Локални партнерства за вработување“ на Битола Старт-ап Центарот. Целта е да се влијае врз процесот на креирање поволен претприемнички еко-систем што поддржува и стимулира претприемничка култура, креирање на работни места и генерирање на приходи. УКЛО ќе обезбеди простор за работа на Битола Старт-ап Центарот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола.

На овој начин УКЛО ќе помогне во обезбедување менторски услуги, вмрежување и поврзување како и развој на ИТ вештини и практични вештини за директно вработување во овој развоен сектор.

Со партнерството во Програмата, УКЛО на своите студенти им обезбедува можности за поголема интеракција со бизнис секторот во текот на студирањето, како и можности за основање на свои студентски претпријатија.

Во рамки на промоцијата на програмата „Локални партнерства за вработување“, во име на УКЛО учество зеде проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделковски.


Scroll to Top