ДЕНОТ НА НАУКАТА НА УКЛО

10.11.2020

УКЛО активно  се вклучи  во одбележување на 10 Ноември – Светскиoт ден на науката и, по тој повод, Kомисијата за наука и меѓународна соработка чиј претседавач е  проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделковски, одржа онлајн седница.  Посебен интерес предизвикаа излагањата на професорите од УКЛО: Марија Србиноска од Институтот за тутун – Прилеп, Иванка Нестороска од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид и доц. д-р Рената Петревска Нечкоска од Економски факултет – Прилеп  кои со презентации се вклучија во одбележувањето на значајниот настан даваќи пресек на своите активности што претставуваат солиден прилог кон меѓународната, истражувачко апликативна дејност на Универзитетот. Притоа, потенцирана е потребата да се обезбеди видливост на научно-истражувачките кадри и нините публикации, а особено објавувањето во индексираните бази на податоци, креирањето профили во мрежите за научници, биографии на веб страниците на институциите во кои работат, како и профили на останатите професионални мрежи.

Проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделковски потсети дека УКЛО овој настан започна да го одбележува  од мината година и во рамки на тој воспоставен континуитет со посебно внимание  ги нотира достигнувањата  на академските кадри  кои меѓу две одбележувања на настанот постигнале значајни резултати, добиле вредни меѓународни признанија, со што Универзитетот ја  промовира и афирмира науката и научните достигнувања како еден од приоритетите во своето работење и делување.

 


Scroll to Top