ПРВА СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА НА УКЛО

11.11.2020

На Техничкиот факултет - Битола се одржа Првата студентска конференција „Техниката иурбаниот развој-ТУР“ како дел од активностите на УКЛО за одбележување на Светскиотден на науката.Идејата за првата студентска конференција е резултат на заедничките активности наФакултетското студентско собрание и студентската сообраќајна единица како и напотребата од размена на идеи за влијанието на науката и техниката во решавањето наактуелните енергетски, сообраќајни и проблеми со одржливиот развој на градовите.Во име на УКЛО, значајната студентска активност ја поздравија проректорите: проф. д-рИгор Неделковски и проф. д-р Марјан Ѓуровски. Проректорот Неделкоски изразизадоволство што студентите се потрудија да се занимаваат со наука што е особено тешково овие услови со надеж дека конференцијата ќе прерасне во универзитетска итрадиционална. Проректорот Ѓуровски посочи дека инспириран од науката која имаклучна улога во работата на секој универзитет, УКЛО, преку серија настани, ја приближинауката до секојдневниот живот на студентите, бизнис заедницата и поширокатаопштествена јавност. Да се биде дел од науката и да се практицира истата восекојдневниот живот бара многу умешност и знаење.Според вонр.проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, првата студентска конференција имаедукативен и апликативен карактер и им овозможува на студентите да ги продлабочатсвоите знаења, а исто и од аспект на одржливиот урбан развој има голема важност воуслови кога енергетската ефикасност, сообраќајот и глобалните климатски промени сеосновни светски предивици покрај здравствената криза. На Конференцијата сепретставени осум студентски трудови и се доделени три награди од стопанството. Ситетрудови ќе добијат шанса да се претстават на третата интернационална конференција„Транспортот во денешното општество“ во oктомври 2021 година.УКЛО активно се вклучи во одбележување на 10 Ноември – Светскиoт ден на науката и,по тој повод, Kомисијата за наука и меѓународна соработка одржа онлајн седница накојашто се нотирани достигнувања на академски кадри меѓу две одбележувања, со штоУниверзитетот ја промовира и афирмира науката и научните достигнувања како еден одприоритетите во своето работење и делување.


Scroll to Top