Заедничко празнување на патрониот празник „Св.Климент Охридски“ на Софискиот и Битолскиот универзитет

12.11.2020

Софискиот и Битолскиот Универзитет, кои од двете страни на границите, покрај академската мисија, заеднички го споделуваат и името на книжевникот, учителот, епископот, големиот Св. Климент Охридски оваа година заеднички ќе го одбележат патрониот празник - кој што се празнува на 25. ноември во Република Бугарија и 8.декември 2020 година во Република Северна Македонија. Ректорите проф. д-р Анастас Герджиков од Софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ и проф. д-р Сашо Коруновски од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола ќе имаат заеднички видео - обраќања и порака. Двата универзитети на 3, 4 и 5 декември во Софија ќе организираат заедничка научна интердисциплинарна конференција на тема „Димензиите на компетенциите“ којашто, преку заеднички научен, програмски и организациски комитет, и со учество на повеќе професори со трудови и истражувања, на крајот ќе резултира со издавање заеднички зборник на трудови. Интензивирањето на академската соработка во пресрет на големиот празникна двата универзитети е во духот на европските вредности и придонесува за зајакнување на добрососедските односи. Празникот за двата универзитети претставува повод и одлична можност до академската јавност да се испратат пораки што ќе значат поттик за интензивирање на меѓусебната соработка. Додека пак, зближувањето преку образованието, науката, креирањето позитивна клима и поволен концепт за поголема поврзаност преку размена на знаења, искуства, но и размена на млади, студенти и универзитетски кадри е еден од меѓусебно усогласените приоритети за време на самитот на Берлинскиот процес во Софија на којшто двете земји се во улога на домаќини. Активностите во чест на заедничкиот патрон, а и други дополнителни што ќе следуваат, се врз основа на потпишаниот Меморандум за меѓусебна соработка и седел од договорот постигнат во март оваа година, за време на средбата меѓу двете универзитетски делегации во Софија, на којашто од македонска страна присуствуваа ректорот проф. д-р Сашо Коруновски и проректорот проф. д-р Марјан Ѓуровски, а од бугарска страна домаќинот - ректорот проф. д-р Анастас Герджиков и проректорот проф. д-р Николаи Витанов. Сите активности од овој сет се во функција на зајакнување и унапредување на билатерална соработка: размена на знаења и искуства, заедничка работа во повеќе области од заеднички интерес како што се наставна, научно-истражувачка работа,публицистичка дејност, размена, мобилности на кадри и студенти, организирање гостувачки предавања, заеднички настани, конференции, тркалезни маси и други форуми, престои на визитинг професори и особено подготовка на проектни апликациии учество во заеднички проекти во рамките на европските и други програми за заедничка академска и научно-истражувачка соработка.


Scroll to Top