Гостувачко предавање на Универзитетот во Волверхемптон на проф. д-р Оливера Костоска

12.02.2021

На 02.02.2021 д-р Оливера Костоска, професорка на Економскиот факултет одржа гостувачко online предавање за студентите на политички науки на Универзитетот Волверхемптон во Англија. Нејзиното предавање на тема: Северна Македонија и ЕУ: Земја заглавена во бесконечна чекална, предизвика интерес кај студентите кои имаа можност да ја чујат перспективата за земјата којашто сака да стане членка на Европската Унија, но нејзините планови не се реализираат.

Покрај проф. Костоска, свое предавање одржа и д-р Роман Каличак, преставник на Секторот за меѓународна соработка и дипломатија на Универзитетот Иван Франко во Украина.

https://www.wlv.ac.uk/staff/news/2021/february-2021/students-benefit-from-guest-lectures-focused-on-integration-in-the-new-europe.php?fbclid=IwAR2OxmLODSasS02y_ki6KHAW7W2feEGyGnhDxaP9HZjDNAWImQR8uaKrZdk


Scroll to Top