Инженерски прстен доделен на дипломец од Техничкиот факултет - Битола

29.06.2021

На најдобрo дипломираните студенти на инженерските факултети, на 28 јуни 2021 година, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски им го додели признанието Инженерски прстен.

Меѓу 12-те  добитници на ова високо признание  е дипломираната студентка од Техничкиот факултет – Битола, Марија Наумоска, која своето образование го заврши со просечна оценка 9,95.

Настанот се одржа во Кабинетот на Претседателот Пендаровски, кој воедно е покровител на оваа манифестација што се одржа по 18 пат, во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и инженери.

Доделувањето Инженерски прстен освен  признание за најдобро дипломираните студенти од инженерските факултети претставува и своевиден поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.


Scroll to Top