Годишна конференција на Европската сестринска мрежа

07.10.2021

Од 6 до 9 октомври 2021 Високата медицинска школа Битола е домаќин на 28. годишна конференција на Европската сестринска мрежа.

На собирот се обрати ректорот на УКЛО. проф. д-р Сашо Коруновски кој истакна дека Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола  поддржува активности за перманентно унапредување на едукацијата и градење квалитетен здравствен кадар, во чие продуцирање се вклучени бројни размени во двата правци меѓу Високата медицинска школа и Европската сестринска мрежа.

Директорката на ВМШ, професор Домника Рајчановска потенцира дека со членството во респектабилната сестринска мрежа Школата ја интернационализира својата работа како рамноправен учесник во пошироките европски здравствени перспективи, чија вистинска суштина е здравјето на човекот како највисока вредност.

За придонесот од вмрежувањето, размената на стручни искуства за унапредување на здравстевна дејност, се осврна главната координаторка на ЕСМ, г-ѓа Вероник Фремонт.

Во рамки на настанот, учесниците на конференција ги поздрави Владе Никловски, главен медицински техничар во Клиничка болница Битола и професор Изабела Филов, координатор на Европската сестринска мрежа за ВМШ.

Во составот на Европската сестринска мрежа, Високата медицинска школа-Битола  е вклучена од 2012 година како прва и единствена членка од Република Северна Македонија.


Scroll to Top