ЦРНОГОРСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА УКЛО

07.10.2021

На 7 октомври 2021 година Амбасадорот на Црна Гора во Република Северна Македонија, НЕ г-ѓа Марија Петровиќ придружувана од градоначалникот на Цетиње, г-дин Александар Кашчелан го посетија Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Со  домаќините на УКЛО, ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и претседателот на Сенатот, проф. д-р Пеце Николовски, во пријатна и срдечна атмосфера разменија информации за поблиска и поинтензивна соработка помеѓу УКЛО и факултетите во Цетиње.

Во тој контекст, истакната е досегашната успешна поврзаност со Универзитетот на Црна Гора со којшто УКЛО има потпишан договор за соработка.

Констатирано е дека можноста за  аплицирање во заеднички проекти и развивање други форми на академска соработка меѓу УКЛО со факултетите од Цетиње, има силен темел во поврзаноста меѓу Битола и Цетиње како збратимени градови. Договорено е исто така, покрај онлајн средба, делегација од УКЛО да престојува во Цетиње за конкретизирање на поврзаноста.

На средбата, во придружба на двајцата високи гости, присуствуваше и почесниот конзул на Црна Гора, Милорад Андријашевиќ.

 


Scroll to Top