Ректорот Коруновски оствари средба со француски и ирски професори гости на ФТУ

08.10.2021

Од 4 до 9 октомври 2021 Факултетот за туризам и угостителство – Охрид е домаќин на група  професори од колеџот Жесе де Форе од Авен сур Елп Република Франција  и Голвеј-Мајо, Tехнолошки институт од Република Ирска.

Делегацијата од  француските и ирските гости предводена од доц. д-р Климент Наумов од ФТУ, на 07.10.2021 оствари средба со ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски, на којашто се разгледани можностите за унапредување на соработката во насока на промоција на гастрономијата.

Трилатералната соработка меѓу високообразовните  институции започната во 2017 година, продолжува  во насока на дефинирање  идни проекти и современи облици на соработка со размена на студенти и академски кадар, благодарение на вклученоста на шеф Кристоф Доверњ, член на француската кулинарска академија, основач и сосопственик на познатиот гастрономски портал  750 g.

Гостите од Франција и Ирска ги придружуваше почесниот конзул на Република Франција, г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ.

ПОВЕЌЕ.


Scroll to Top