ПРВА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА

на студентите на трет циклус студии за презентација на докторски проекти

Сабота 25.09.2021

Хотел „Метропол“ - Охрид, сала „Биљана“ и на Интернет

 

Првата Годишна конференција на докторски проекти на УКЛО ќе се одржи на хибриден начин. Со физичко присуство во Хотел „Метропол“ – Охрид, сала Билјана и на Интернет на Zoom платформата на следниот линк 
https://zoom.us/j/94174152357?pwd=a3QrbFVBQzdqNVJqUFFQNDRxSmdRdz09
Годишната конференција на докторски проекти ќе започне во 10:00 часот во Сабота 25.09.2021 со кратко поздравно обраќање на Проректорот за наука и Раководител на Советот на докторски студии на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски и потоа ќе продолжи согласно објавениот распоред на презентации. 
Студентите кои ќе презентираат, нивните ментори, комисиите за оценка на докторските проекти и сите други заинтересирани ќе можат да учествуваат од салата Билјана во Хотел Метропол-Охрид или преку Интернет/Zoom, кои ќе бидат синхронизирани со видео конекција. Студентите кои ќе презентираат преку Интернет (и другите кога ќе дискутираат/прашуваат преку Интернет) треба да имаат вклучена видео камера.

Се молат студентите, нивните ментори и членовите на комисиите за оценување да бидат прецизни во термините и времето за презентација, кои не може да се поместуваат/продолжуваат заради хибридниот начин на реализација на конференцијата и големиот број на проекти кои треба да се презентираат.

 

 

РАСПОРЕД НА ПРЕЗЕНТАЦИИ

 

10:00 – 10:30 Тане Димовски (ментор проф. д-р Маргарита Јанеска) УЛОГАТА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РАЗВОЈОТ НА ОПШТЕСТВОТО, Економски факултет-Прилеп

 

10:30 – 11:00 Стефана Ристески, (ментор проф. д-р Анета Ристеска-Јанкулоска), ВЛИЈАНИЕТО НА ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА ВРЗ ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПЕРФОРМАНСИ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ БИЗНИСИ, Економски факултет – Прилеп

 

11:00 – 11:30 Сашка Поп-Димитријоска Тренкоска, (ментор проф. д-р Татјана Спасеска), ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ФИНАНСИСКИОТ СИСТЕМ -МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА ФИНТЕК СЕКТОРОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,  Економски факултет – Прилеп

 

11:30 – 12:00 Николина Д. Ивановски, (ментор проф. д-р Сузана Талеска), АНАЛИЗА НА ИЗЛОЖЕНОСТА НА КРЕДИТЕН РИЗИК НА БАНКИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, Економски факултет – Прилеп

 

*Пауза*

 

12:30 – 13:00 Селма Абдуловска, (ментор проф. д-р Светлана Николоска) ПЕРЕЊЕТО ПАРИ КАКО ДЕЛ ОД ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ И ПРАВНО САНКЦИОНИРАЊЕ НА КРИВИЧНО ДЕЛО, Факултет за безбедност-Скопје

 

13:00 – 13:30 Менсуре Хоџа (ментор проф. д-р Мирослав Гвероски), АНАЛИЗА НА ПЕРЦЕПЦИЈАТА НА СЕМЕЈНИТЕ БИЗНИСИ ЗА ПРОЦЕСОТ ИНСТИТУЦИОНАЛИЗАЦИЈА,  Економски факултет – Прилеп

 

13:30 – 14:00 Дијана Јованоска (ментор проф. д-р Ѓорѓи Манчески), АНАЛИТИЧКО ПРОЦЕСИРАЊЕ И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СТРУКТУРИРАНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА БИ – СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ (ТРГОВСКА ФИРМА), Економски факултет – Прилеп

 

14:00 – 14:30 Мерита Ајдини (ментор проф. д-р Мажана Северин Кузмановска) ИГРИТЕ И НИВНАТА УЛОГА ВО УЧЕЊЕТО МАТЕМАТИКА ВО ОДДЕЛЕНСКАТА НАСТАВА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА, Педагошки факултет-Битола

*Пауза*

 

15:30 – 16:00 Христо Кондовски (ментор проф. д-р Климе Попоски) ВЛИЈАНИЕТО НА ОСИГУРУВАЊЕТО ВРЗ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ: ПАНЕЛ АНАЛИЗА НА ИЗБРАНИ ЗЕМЈИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА, Факултет за туризам и угостителство – Охрид

 

16:00 – 16:30 Газморе Реџепи, (ментор проф. д-р Братислав Милошевиќ) ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И НОВИ КАНАЛИ ЗА ПЛАСМАН НА ОСИГУРУВАЊЕ ВО КОСОВО. Факултет за туризам и угостителство – Охрид

 

16:30 – 17:00 Бахри Реџа, (ментор проф.д-р Ристо Речкоски) ПРАВНИ АСПЕКТИ НА ОСИГУРИТЕЛНА ИЗМАМА И ЗЛОУПОТРЕБА. СЛУЧАЈОТ СО КОСОВО, Факултет за туризам и угостителство – Охрид

 

17:00 – 17:30 Славица Димитриевска (ментор проф. д-р Стојанка Мирчева), ПОСТАПУВАЊЕ СО ДЕЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, Факултет за безбедност-Скопје

 

*Пауза*

 

18:00 – 18:30 Раим Јашари, (ментор проф. д-р Цане Мојаноски), РЕЛИГИОЗНОСТА НА АЛБАНСКА УНИВЕРЗИТЕТСКА МЛАДИНА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ ВО УНИВЕРЗИТЕТОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА“ - ВО СКОПЈЕ, Факултет за безбедност-Скопје

 

18:30 – 19:00 Сања Крнче (ментор проф. д-р Иванка Нестороска) ВЛИЈАНИЕ НА КОВИД 19 НА ПАТНИЧКИ АГЕНЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА, Факултет за туризам и угостителство – Охрид

 

19:00 – 19:30 Весна Шапкоски (ментор проф. д-р Горан Илиќ) ЗНАЧЕЊЕТО НА МОДЕРНИОТ КОНФУЧИЈАНСКИ КОНСТИТУЦИОНАЛИЗАМ ВО ИЗГРАДБАТА НА Н.Р. КИНА КАКО ЦИВИЛИЗАЦИЈА-ДРЖАВА И KИНЕСКАТА КОНЦЕПТУАЛИЗАЦИЈА НА НОВИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНТЕКСТ, Правен факултет – Кичево

 

Презентација на докторскиот проект: Студентите во присуство на своите ментори треба усно да го презентираат својот докторски проект со презентација во траење од максимум 15 минути и потоа се предвидени 15 минути за прашања и дискусија во која може да се вклучи и менторот на кандидатот.

Оценување на докторскиот проект: Докторскиот проект го оценува како успешно одбранет комисија од два члена – наставници именувани од единицата на која студира кандидатот. Во комисијата не може да учествува менторот.

Котизација: За учество на годишната конференција за презентација на докторски проекти не се плаќа котизација. Трошоците за пат, евентуално сместување, храна и сл. ги сносат самите кандидати.


Scroll to Top