Студентските собранија се тела на високообразовните установи, во кои членуваат претставници на студентите. Високообразовните установи се должни на студентските собранија, на студентскиот правобранител и на заменикот студентски правобранител да им обезбедат простории за работа и да им пружат административно-техничка помош. Високообразовните установи се должни, според своите можности, да ги поддржуваат студентските собранија кои се организирани во нивните рамки.

Работата на студентското собрание се финансира од средства на високообразовната установа, како и од: легати, подароци, завештанија, прилози и други извори.  Студентските собранија располагаат со средствата на начин утврден со нивниот статут. Високообразовните установи се должни да им овозможат на студентските собранија автономно располагање со средства за нивната работа согласно со овој закон и општите акти на високообразовните установи. Високообразовните установи вршат надзор над наменското трошење на средствата кои ги доделуваат на студентските собранија, на начин утврден со нивниот статут.

 


Scroll to Top